Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 10:24

Одбележување на патронат на касарната “Боро Менков″

Одбележување на патронат на касарната “Боро Менков″

Во касарната „Боро Менков“ Куманово, утре во 11 часот, со одавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народениот херој “Боро Менков“  ќе се одбележи патронатот на касарната, односно денот на погинувањето на народниот херој чие име со гордост го носи касарната.

Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков пред присутните ќе се обрати командантот на касарната потполковник Ердоан Хасан и историчар Марија Живачки од Народниот музеј Куманово.

            На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, преставници од државна управа, јавните установи и служби, правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Културно уметничката програма со свое присуство ќе ја збогатат ученици од гимназија “Гоце Делчев” и деца од градинката “Ангел Шајче“.