Euro Colleague
Bucen Kozjak
24. 12. 2009 16:00

Одложена премиерата „Печалбари„

Одложена премиерата „Печалбари„

Претставата „Печалбари“ од Антон Панов во режија на Дејан Пројковски што премиерно требаше да се прикаже утревечер во Народниот театар е одложена. Причина за ваквата одлука се здравствени проблеми на режисерот Дејан Пројковски.

„Ние претставата ја подготвивме речиси 90 насто и ни останаа уште неколку финални проби. Но  поради болеста на режисерот претставата ја поместуваме по празниците. Најверојатно ќе биде околу 15 јануари“ - изјави директорката Наташа Крстевска.

Од театарот се извинуваат на публиката и очекуваат разбирање.