Euro Colleague
Bucen Kozjak
26. 12. 2009 13:03

Огранокот на ДПСМ ќе бира нов претседател

Огранокот на ДПСМ ќе бира нов претседател

Демократската партија на Србите во Македонија - општинска организација Куманово,  утре ќе одржи  вонредно Собрание. Како неофицијално дознаваме на Собранието ќе се бира нов претседател, бидејќи досегашниот Горан Стојковиќ поднел оставка.

 Тој си заминал од функцијата поради големата ангажираност на новото работно место директор во ЈП „Македонија пат“. И покрај обидите да се слушнеме со Стојковиќ и да ги дознаеме причините за неговата повлекување, тој не се јавуваше на службениот мобилен телефон.

Нашите извори велат дека единствен кандидат за нов претседател на огранокот  е  Бобан Јаќимовиќ, стоматолог од Куманово.