Bucen Kozjak
04. 12. 2017 08:06

Петок, Св. Климент Охридски, неработен ден

Петок, Св. Климент Охридски, неработен ден

 Петок, (8 декември), празникот Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.  

Истовремено, МТСП им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот “Св. Климент Охридски”.