Bucen Kozjak
18. 05. 2017 21:43

Показна вежба по повод Денот на пожарникарите

Показна вежба по повод Денот на пожарникарите

Показна вежба денеска изведоа кумановските пожарникари пред корисниците на услугите на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“, по повод 20 мај Денот на пожарникарите.

Вежбата ја организираше Општинскиот противпожарен сојуз и Противпожарната единица Куманово.

„Противпожарниот сојуз на Македонија во текот на целата година посветува огромно внимание на подигање на свеста на граѓаните како да се постапи во случај на пожар, преку пропаганди, со разни активности, подготовка на материјали, организирање обуки, натпревари, вежби. Првично беше замислено вежбата да ја изведеме во “Порака наша“, но таму нема услови и затоа се одлучивме тоа да биде во кругот на противпожарната единица,- информираше Часлав Јовановиќ од општинскиот противпожарен сојуз.

Со цел да ја доближат својата работа до граѓаните, пожарникарите демонстрираа спасување на луѓе на воздушно перниче и гаснење на пожар на отворено.