Euro Colleague
Bucen Kozjak
10. 11. 2017 23:07

Поранешните градоначалници на прием кај Димитриевски

Поранешните градоначалници на прием кај Димитриевски

Поранешните градоначалници: Зоран Дамјановски, Слободан Ковачевски, Бајрам Сулејмани и Благе Кипријановски, денеска во општината Куманово, присуствуваа на свечен прием по повод Денот на градот, што го организираше градоначалникот, Максим Димитриевски.

 Во пријатна атмосфера колегите разменија мислења и искуства за нивната работа и понатамошниот развој на општината.

„ Преземаме обврска оттаму кај што почнавте вие, да продолжиме во континуитет да создадаме што поголеми и подобри услови за живот на идните генерации во нашата општина. Куманово е најголема општина во Македонија со голем број на граѓани и се соочува со сериозни предизвици, кои заеднички ќе ги надминуваме,- изјави Димитриевски.

На традиционалната средба присуствуваа претставници на АРМ, СВР Куманово, Сојузот на борците, Противпожарната единица и другите државни и локални институции.

Тој се заблагодари на присутните за придонесот кој го дале за општината и државата.