Bucen Kozjak
13. 11. 2017 17:59

Поскапуваат бензините и дизелот

Поскапуваат бензините и дизелот

 Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на Еуросупер БС-98 за три, а на  Еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара од литар.

 Регулатроната комисија за енергетика одлучи новата цена на Еуросупер од 95 октани да изнесува 66,50 денари, а литар Еуросупер од 98 октани ќе чини 68,50 денари.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 54,00 денари, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,50 ден/лит.

 За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари.