Bucen Kozjak
11. 10. 2017 21:22

Последна седница на Совет во овој состав

Последна седница на Совет во овој состав

Советниците утре ќе ја одржат 71-та седница на Совет, последна во овој состав. На дневен ред ќе се најдат две точки, кои се однесуваат за намалување на бројот на ученици под 24 во паралеките во основните и средни училишта.

Дневен ред:

1. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта,

2.Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година.

Иако е нелогично советниците да одржуваат седница на три дена пред локалните избори и истекување на нивниот мандат, советниците кои ги консултиравме велат дека имаат законско право, бидејќи се работело за неодложни теми.