Euro Colleague
Bucen Kozjak
24. 12. 2009 16:06

Повеќе пари за општините од ДДВ

Повеќе пари за општините од ДДВ

Општините наместо два, догодина ќе добијат по три милиони денари од данокот на додадена вредност.Од одлуката на Владата најголема корист, односно најголем позитивен фискален ефект во своите приходи ќе почувствуваат помалите општини.

Со ова  мерка ќе се постигне повисок степен на воедначување на приходите по општини, при што се запазува и законската одредба за распределба на приходите од ДДВ најмалку 50 отсто од вкупниот износ да се распределува според критериумот по жител, објаснуваат од владата.

Во собраниска процедура е Предлогот за измени на неколку одредби од Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа што се однесуваат на зголемување на сопствените приходи на општините и на нивното задолжување преку зголемена либерализација на процедурите и условите. Со овие измени приходот на општините од ДДВ фазно ќе се зголеми од постојните три отсто на 4,5 проценти.