Bucen Kozjak
05. 09. 2017 14:39

Повредена сопатничка во судар на Ауди и Голф

Повредена сопатничка во судар на Ауди и Голф

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа, при судир на Ауди и Голф.

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, вчера во 11.40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило Ауди со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т. од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило Голф со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К., сопатничка во ПМВ Голф, која по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Куманово била задржана на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.