Euro Colleague
Bucen Kozjak
14. 11. 2017 12:12

Предавања за карпеста уметност во Словенија

Предавања за карпеста уметност во Словенија

 Почесниот член на Светската академија за карпеста уметност од Куманово, универзитетскиот професор, д-р Душко Алексовски, на покана на неколку центри за наука и култура од Словенија, од 20 до 30 ноември, ќе одржи повеќе предавања за словенечката научна и културна јавност.

Предавањата ќе бидат на темите:„Словенската писменост создадена од Свети Кирил, пред да биде создадена глаголицата и кирилицата“, „Карпестата уметност основа на светската писменост, вклучувајќи ја и Винчанската писмена култура“ и „Локалитетот Цоцев Камен, признат од Францускиот национален центар за наука“.

„Словенската писменост создадена од Свети Кирил, пред да биде создадена глаголицата и кирилицата е најновото откритие на професорот Алексовски што ние го сметаме за епохално, бидејќи до овој момент никој не успеал да дојде до ова откритие. За прв пат словенечката јавност ќе се запознае со еден сјаен писмен систем, како што не постоел дотогаш во ниту една земја во светот“,- вели дипломиран археолог и историчар Душица Стаменковска.

Преку ова предавање, присутните ќе имаат убава прилика да се запознаат со пребогатата карпеста уметност од Македонија, особено од Кумановскиот регион.

Локалитетот Цоцев Камен е еден од најимпресивните праисториски локалитети во Македонија и во светски рамки.