Bucen Kozjak
07. 12. 2017 16:52

Претстава за сликарката Надежда Петровиќ во Куманово

Претстава за сликарката Надежда Петровиќ во Куманово

Претставата „Надежда Петровиќ автопортрет во множина„, во изведба на Здружението на нишки актери, работена по текст на Миљана Ѓорѓевиќ, а во режија на Драгана Јовановиќ, вечерва во 19 часот ќе се игра во Занаетчискиот дом во Куманово.

Случувањата во претставата се одвиваат во болница во Ваљево каде Надежда ги поминува своите последни моменти од животот, оболена од тифус. Во дијалог со младата медицинска сестра се сеќава на својот живот, уметничката дејност, пријателствата, семејството...

Претставата е направена по повод 100 години од смртта на големата сликарка.

Коло на српските сестри од Куманово и Културно информативниот центар Спона од Скопје, ја донесоа претставата во Куманово.