Bucen Kozjak
06. 09. 2017 16:42

Презентација на полициско-пожарникарска опрема

Презентација на полициско-пожарникарска опрема

Пред Домот на пожарникарите,  утре во 11 часот ќе се одржи промоција на дел од опрема со која располага: Полицијата, Противпожарната единица, Брза помош и Црвен крст.

„Тоа се институции на локално ниво, кои се во служба на граѓаните, односно кои се повикуваат во итни случаи. Граѓаните можат да видат каква опрема користат овие служби и да поразговараат со надлежните како заеднички дејствуваат во несакани ситуации„, - велат организаторите.

Презентацијата се организира по повод Денот на независноста на Македонија, а ја организира Советот на општината и СВР Куманово во рамки на проектот „Заедно за граѓаните“.