Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 15:53

Прием за пензионерите од Црвен крст

Прием за пензионерите од Црвен крст

Црвениот крст Куманово денеска организираше свечен прием за поранешните вработени и волонтери кои дадоа придонес во развој на општинската организација.

Оваа средба ја организираме трета година по ред и со тоа сакаме да покажеме колку сме благодарни на луѓето кои своите најубави години ги оставија во Црвениот крст. Тие оставија длабоки траги со нивното работење, а и денеска помагаат колку што можат - рече Нухи Јусуфи, претседател на Црвениот крст Куманово.

Црвениот крст , 2009 година ја завршува успешно со голем број на крводарителски и хуманитарни акции, а отвори и две канцеларии во општините Стари Нагоричане и Липково.

Прием за пензионерите од Црвен крст