Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 19:33

Притвор за уапсените во „Пепел“

Притвор за уапсените во „Пепел“

 Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против 17-членa криминална група предводена од Бајруш Сејдиу и неговиот брат.С.Б.(31) од Куманово-неизвршен член на одбор на директори на Тутунов комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“ и сопственик на „Жито Мел“ и С.Н.(37) од Куманово-извршен директор и управител на „Искра“, Куманово, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“,......

Притвор за уапсените во „Пепел“ Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против 17-членa криминална група предводена од Бајруш Сејдиу и неговиот брат.С.Б.(31) од Куманово-неизвршен член на одбор на директори на Тутунов комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“ и сопственик на „Жито Мел“ и С.Н.(37) од Куманово-извршен директор и управител на „Искра“, Куманово, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „изнуда“, „поттикување“ во врска со „злоупотреба на службета положба и овластување“, потоа С.З.(54) од Скопје - стечаен управник на „Искра инжинеринг“ во стечај, „Жито мел“ и основач на „Жито мел“, Д.К.-основач/содружник и управител во „Жито Мел“, основач и управител во „Агро Конзум“, В.Б.(46) од Куманово-управител на „Жито мел“, неизвршен член на УО на ТК „Боро Петрушевски – Папучар“ и претседател на ФK „Милано“ за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и повластување на доверители“, Х.А. „Љули“ - извршен член на одбор на директори во Тутунскиот комбинат, С.Ф. - неизвршен член на одбор на директори во истиот, Ј.С. -  чичко на првопријавените, Р.Б.(39) од Куманово и Р.М.(43) од Куманово - управител на ДППУ „АБЕК“ за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „изнуда“, В.М. од Белград - содружник-имател на удел на „Жито мел“, Џ.С.(42) од с.Могила, Србија, за сторено кривично дело помагање во  врска со „злосторничко здружување“ и „перење пари и други приноси од казнено дело“, како и М.Д. – судија, инаку претседател на Стечаен судски совет во „Жито Мел“, „Искра“, „КЕН“, „ЗИК Сточарство и преработка“, В.А.-државен советник во Министерство за економија, М.Ц.-стечаен управник во "КЕН" и М.Н.-стечаен управник во “ЗИК Сточарство и преработка“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против А.З. „Сламарица“- управител во „Агро Конзум“ за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Во текот на вчерашниот ден приведени се Ј.С., З.С., Д.К., В.А., М.Ц., С.Џ. и М.Н.. „Изминатата година на повеќе од 150 страници се документирани сомненијата за пријавените лица, кои се товарат дека во својство на директори, управители други раководни лица во акционерски друштва, стечајни управници, судија и државен советник со разни финансиски малверзации и други инкриминации, во периодот од 2004 до 2008 година, овозможиле на незаконит начин да биде присвоен имотот на АД „Жито Мел“, АД „Искра Инжинеринг“, АД “Кен“ и работна единица „Полјоделство“ при ЗИК „Сточарство и преработка“, односоно се стекнале со противправна имотна корист од околу шест милиони евра“ - се вели во соопстението на МВР.

Првопријавените браќа во 2004 година, ја создале криминалната група, со цел да се стекнат со имот на незаконски начин. Купувањето го вршеле спротивно на Законот за стечај и на штета на доверителите за мали износи. Биле отворени стечајни постапки, а се присвојувал и имот, недвижности, репроматеријали, суровини и готови производи, кои воопшто не биле дел од стечајната маса или не биле предмет на продажба опфатени со тендерската продажба.

Oдредени членови на групата со малтретирање, насилство, изнуди, уцени, сериозни закани влијаеле врз акционерите да ги продадат и отстапат сопствените акции или да се откажат од учеството во тендерите. Покрај финансиски малверзации, еден од членовите на групата А.З.се сомничи и дека извршил обид за убиство над управителот на АД „Бисерка“- Куманово во 2008 година и оттогаш е во бегство.

Од МВР влеат дека досега во акцијата  „Пепел“ поднесени се кривични пријави против повеќе од 55 физички и правни лица, а истите се товарат дека преку разни криминални дела и финансиски малверзации се стекнале со противправна имотна корист од над 60 милиони евра.

Притвор за уапсените во „Пепел“