Bucen Kozjak
20. 04. 2017 16:12

Продолжува реконструкцијата на канализационата мрежа во градот

Продолжува реконструкцијата на канализационата мрежа во градот

Продолжува реконструкцијата на канализационата мрежа на улиците „Перо Чичо“ „Кирил и Методиј“ и „Љупчо Арсов“, поради што во наредните неколку дена ќе биде блокиран сообраќајот во тој дела на градот, соопштуваат од Општина Куманово.

„Поради имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, секторотот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека утре (21.04.), можно е да се започне со градежни работи – куќни приклучоци на ул.„Перо Чичо“ поточно од ул.„Кирил и Методиј“ до ул.„3-та МУБ“. Од понеделник ќе се започне со градежни работи улицата „Љупчо Арсов“. Додека се изведуваат градежните работи на споменативе локации, сообраќајот ќе биде блокиран, со цел работата да се заврши што побрзо, - соопштуваат од Општина Куманово.  

      Од општината апелираат до граѓаните да имаат разбирање за активностите на терен и да соработуваат со изведувачите на работите.