Bucen Kozjak
05. 09. 2017 14:05

Проектот „Добредојде бебе„ промовиран во Кумановската болница

Проектот „Добредојде бебе„ промовиран во Кумановската болница

Во Кумановската болница денеска беше промовиран проектот „Добредојде бебе„, кој овозможува новороденчињата да бидат запишани во матичната книга на родени додека се во болница.

 Денеска  на гинеколошко-акушерското одделение заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, врачи изводи на две мајки.

 „Проектот е замислен да им се олесни на родителите, 48 саати по раѓањето, односно со денот на испис на мајката и на бебето од болница, родителите да добијат извод на матичната книга на родени. За таа цел родителите треба да имаат лични карти, да сакаат да го добијат документот и да го знаат името на новороденчето. Проектот е направен родителите да не шетаат по шалтерите на институциите, туку да ги добиваат документите на местото на раѓање, - изјави Чакаровски.

Проект се спроведува во соработка со Министерството за здравство, Управата за електорнско здравство, МВР и Управата за водење на матични книги.

„Поврзани сме електронски, нивните и нашите стручни тимови, системот функционира беспрекорно, и од утре сите новородени дечиња ќе добијат изводи во самата болница„ – вели Ѓоко Котевски од Управата за водење матични книги.

Проектот е промовиран пред 2 недели, а досега се издадени 91 извод од матичната книга на родени во државата.