Euro Colleague
Bucen Kozjak
18. 10. 2017 15:32

СДСМ 4, ВМРО-ДПМНЕ 2 советници во Советот на Старо Нагоричане

СДСМ 4, ВМРО-ДПМНЕ 2 советници во Советот на Старо Нагоричане

Во Советот на општината Старо Нагоричане најмногу советници освои СДСМ 4, по двајца од ВМРО-ДПМНЕ и независна листа на Саша Алексиќ и еден Народно движење за Македонија, според резултатите од ДИК.

Советници од СДСМ се : Јовица Јанчиќ, Бобан Цветановски, Ивица Ивановски и Тања Јовановска, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Игор Душановски и Драган Спасиќ, од независна листа Саша Алексиќ и Ивана Тодевска и Тони Митровски од НДМ.

Во Општина Старо Нагоричане изборот на градоначалник ќе се врши во вториот круг помеѓу Жаклина Јовановска и Елена Јаќимовиќ.