Bucen Kozjak
13. 10. 2017 12:55

Се заканувал на гости во казино, па се степал со обезбедување

Се заканувал на гости во казино, па се степал со обезбедување

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Пријавениот на 19 септември околу еден часот по полноќ,  во казино на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, им се заканувал на присутните при што интервенирал и З.Б. службеното лице за обезбедување од Куманово. Пријавениот после вербална расправија и упатени навреди кон истиот излегол од казиното. По кратко време, се вратил и физички го нападнал З.Б. со што му нанел телесни повреди во пределот на телото и главата.