Bucen Kozjak
23. 11. 2017 16:36

Снежана Манев нов претседател на Кумановскиот суд

Снежана Манев нов претседател на Кумановскиот суд

Судиката Снежана Манев е нова претседателка на Основниот суд Куманово. 

Одлуката ја донел Судскиот совет на РМ на денешната седница.

Манев е долгогодишен судија на работни спорови во Кумановскиот суд. Доаѓа на местото на досегашниот в.д. претседател Беџети Елези, кој последните две години ја вршеше функцијата, откако Муса Сулејмани доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба.

За претседател на судот конкурирале и:Јусуф Ајрулаху, Неџат Мемети и Миодраг Величковски.