14. 02. 2018 10:36

Со голф удрил во пешак па побегнал

Со голф удрил во пешак па побегнал

Возач на голф синоќа удрил во пешак, по што побегнал.

Несреќата се случила околу 20.10 часот на улица „Тоде Мендол“, кога непознато лице управувајќи патничко моторно возило голф со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот А.И.(48) од Куманово, по што совозилото го напуштило местото на настанот.

По незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, се  преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.