Euro Colleague
Bucen Kozjak
04. 09. 2017 17:44

Собрани потписи за независна листа на советници во Старо Нагоричане

Собрани потписи за независна листа на советници во Старо Нагоричане

Саша Алексиќ од Старо Нагоричане, ги собрал законски потребните потписи од избирачи,  за носител на листата за независни советници во Советот на Општина Старо Нагоричане.

Според информации од канцеларијата на Државната изборна комисија во Куманово, Алексиќ собрал 110 потписи од граѓаните за да влезе во изборната трка на престојните локални избори.

Тоа е единствената листа за независни советници во општините Куманово,  Липково и Старо Нагоричане.

За независна кандидатура за градоначалник на Куманово потписи собира Марјанчо Ангеловски.

 На полноќ завршува собирањето на потписи за независните кандидати.