Bucen Kozjak
13. 09. 2017 08:18

Сообраќајот умерен и по суви коловози

Сообраќајот умерен и по суви коловози

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива пo суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 Изменет режим на сообраќајот има на: делницата Хиподром - Кадино, поради поставување канделабри левата сообраќајна лента ќе биде затворена 3 месеци.

На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р 103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Се предупредуваат возачите за внимателност и намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат, и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.