Euro Colleague
Bucen Kozjak
11. 09. 2017 10:59

Течат уписите во Музичкото училиште „Панче Пешев“

Течат уписите во Музичкото училиште „Панче Пешев“

 Во тек се уписите на нови ученици во основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово.

 Во новата 2017/2018 учебна година планирано е да се запишат во прво одделение 85 ученици.

„Од нив 55 ученици се на македонски јазик и 30 на албански јазик, ќе посетуваат настава по теорија на музика и солфеж. Оваа година од прво до 9 одделение ќе имаме вкупно 268 ученика, - вели директорката Светлана Трајковска.

И оваа година како и предходните, учениците ќе можат да ги изучуваат инструментите: пијано, кларинет, труба, хармоника, виолина, гитара, како и соло пеење.

Се примаат ученици од 6 до 11 години во зависност од инструментот кој сакаат да го изучуваат.

Уписот ќе трае до 13 септември.