Euro Colleague
Bucen Kozjak
16. 06. 2017 23:31

Томе Спировски нов директор на Државниот просветен инспекторат

Томе Спировски нов директор на Државниот просветен инспекторат

 Владата го назначила Томе Спировски од Куманово за нов в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.

Спировски со години наназад работи како просветен инспектор во Државниот просветен инспекторат во Куманово и е член на СДСМ.

Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка Надица Николоска,  на која и истекол мандатот.

Спировски е назначен на денешната владина седница на која се расправало за кадровските решенија.