Bucen Kozjak
05. 12. 2017 09:14

Трета седница на Советот на Општина Куманово

Трета седница на Советот на Општина Куманово

Советниците утре ќе ја одржат третата седница на советот на Општина Куманово. На дневен ред се 10 точки меѓу кои и извештаите за финасиско работење на јавните претпријатија Водовод и Чистота и зеленило.  

Дневен ред

1.    Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2017 – 30.06.2017 година;

2.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;

3.    Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2017 година;

4.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово за  цена на услуга за работа со булдожер и скип за еден работен час;

5.    Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година;

6.    Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2017/2018 година;

7.    Информација за запишување на ученици во I – ва година и состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2017/2018 година;

8.    Информација за остварување на приходи по основ на даноци и такси за период од 01.01.2017 до 31.08.2017 година;

9.    Предлог – Одлука за утврдување на висина на надоместок за покривање на трошоците за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово;

10.    Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2017 година за преземање на 1(еден) административен службеник;

11.    Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во населено место Гладно Поле - Општина Куманово;

12.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;

13.    Предлог - План на програми за развој на Општината Куманово за 2018 година;

14.    Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;

15.    Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2018 година.