12. 03. 2018 11:57

Училниците во Соколана ќе добијат парно греење од јапонска донација

Училниците во Соколана ќе добијат парно греење од јапонска донација

Дисперзираните паралелки на основното училиште „Браќа Миладиновци“, кои се сместени во објектот до Техничкото училиште „Наце Буѓони“, ќе добијат централно греење со помош од јапонската влада.

Грантот изнесува 44.779 евра, а предвидено е да се инсталира нов систем на греење и нови прозорци.

Проектот треба да започне да се реализира на 1 јуни и да заврши до крајот на летото. Во новата учебна година училиштето ќе се затоплува на новиот систем, наместо како досега на ќумбиња.

Директорката Марина Манојловска, вели дека ова е од големо значење за училиштето, бидејќи ќе се подобри квалитетот на условите за работа на учениците и вработените. 

Јапонија додели девет грантови на здравствени установи и основни училишта преку програмата „Грант-помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ (ГГП), во вредност од 428.066 евра.

stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane