Bucen Kozjak
24. 11. 2017 11:28

Унгарскиот амбасадор во посета на Куманово

Унгарскиот амбасадор во посета на Куманово

Унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс, вчера беше во посета на Општина Куманово.

 Со градоначалникот Максим Димитриевски разговарале за отпочнување на  соработка на Куманово со општини од Република Унгарија.

 Поразговаравме на повеќе теми, а првенствено за економска соработка со одредени компании-потенцијални инвеститори во нашата општина. Исто така и за спортската дипломатија и учество на нашите спортисти во Унгарија и обратно. Општина Куманово е целосно подготвена за соработка со оваа почитувана и респектирана држава од Европската унија,- изјави градоначалникот Димитриевски.

Амбасадорот се заблагодари на гостопримството и вети успешна економска, културна и спортска соработка, бидејќи Куманово е македонски град најблиску до Унгарија.

Гостите ја посетија црквата Свети Никола.

Унгарскиот амбасадор во посета на Куманово