Bucen Kozjak
07. 08. 2017 16:53

Успешен настап на „Панче Пешев“ во Варна

Успешен настап на „Панче Пешев“ во Варна

Културно-ументичкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово успешно се претстави на Меѓународниот фолклорен фестивал во Варна, Република Бугарија.

„КУД „Панче Пешев“ се претстави со дел од својата богата програма презентурајќи го на најдобар можен начин богатиот македонски фолклор и традиција. Фестивалот е еден од најреномнираните фестивали во Бугарија под покровителство на ЦИОФФ. „Панче Пешев“ за своето учество и успешна презентација на македонското фолклорно богатство се здоби со специјална фестивалска плакета“, - изјави Мирослав Крстевки, дирекот на друштвото.

Фестивалот траеше од 30 јули до 4 август, а учествуваа 10 ансамбли од 7 земји меѓу кои Колумбија, Индија, Грузија, Полска, Перу, Турција и Бугарија.

Фестивалот се одржа на летната фестивалската сцена во Варна и на сцената на Златни песоци.

Успешен настап на „Панче Пешев“ во Варна