Bucen Kozjak
12. 01. 2017 09:55

Утрово во Куманово - 18

Утрово во Куманово - 18

Времето денеска ќе биде стабилно, со мала локална облачност и со дневни температури и над нулата во јужните делови од земјата.

 

Ноќеска во Куманово се измерени -18  Целзиусови степени, а најладно било во Битола со - 20.

Денеска максималните дневни температури во Куманово -3.

Утре земјата ќе потпадне под влијание нов влажен бран, особено во северозападните делови на земјата. Во ноќните часови кон сабота ќе врне дожд и снег. Минималните температури ќе се движат од -14 до -5 степени, а дневните од 2 до 7 степени.

Во сабота во поголемиот дел од земјата ќе врне дожд, а на повисоките планини ќе се создаде и нова снежна покривка. Дневните температури ќе се движат од 2 до 8 степени (утринските од -4 до 3).

Во недела ќе имаме преодно стабилизирање на временските услови и температури од -1 до 5 степени.  

Од понеделник земјата повторно ќе биде под влијание на влажни воздушни маси со повремени врнежи од снег со слаб интензитет. Дневните температури ќе бидат околу 0 степени.