Euro Colleague
Bucen Kozjak
13. 07. 2017 15:44

VIBA BIKE отвори ексклузивен салон за велосипеди во Скопје

VIBA BIKE отвори ексклузивен салон за велосипеди во Скопје

Кумановската компанија VIBA Bicycle отвори ексклузивен продажен салон за велосипеди на улицата „Климент Охридски“ бр.48, спроти Соборниот храм во Скопје.

Во салонот можат да се најдат најквалитетни велосипеди од марката CROSS и велосипеди од сопствено производство VIBA BIKE.

„Имаме богат асортиман на машки, женски и детски модели на велосипеди и велосипетска опрема. Нашата програма е исклучиво со високо квалитетни велосипеди изработени по европски стандарди, бидејќи сме увозници на познатата марка CROSS, заради што даваме гаранција од 6 до 12 месеци. Во натамошниот период во продажба ќе вклучиме и спортска опрема за професионален и рекреативен велосипедизам,  - вели сопственикот Владимир Ангеловски.

Од комапнијата тврдат дека цените на нивните производи се најниски во државата и прилагодени за сите купувачи, а за редовните клинети организираат попусти, подароци и изненадувања.

„Од 13 до 22 овој месец, во новиот салон имаме специјален попуст од 20 до 50 отсто на сите модели на велосипеди, а за секој купен велосипед следува подарок. За сите кои се надвор од Скопје, а имаат потреба од велосипед, сите модели можат да ги видат на нашата Фејсбук страница и да не контактираа, а доставата на купеното е бесплатна, односна на наша сметка, - додава Ангеловски.

VIBA BIKE има салон за велосипеди и на булеварот Трет МУБ, спроти слаткарницата Јулија во Куманово, а сопствениците планираат да го прошират своето работење со уште еден салон во Скопје.