Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 00:05

VIBA BIKE со неверојатни попусти и изненадувања за купувачите

VIBA BIKE со неверојатни попусти и изненадувања за купувачите

Кумановската компанија VIBA BIKE нуди неверојатни попусти и промоции за граѓаните во наредните 30 дена.

Од 11 Октомври до 11 Ноември, двата најголеми празници во историјата на Куманово, во продажниот салон на VIBA BIKE, кој се наоѓа на булеварот Трета МУБ, ве очекаат несекојдневни изненадувања и акција која не се пропушта.

„За секои купени два велосипеди, машки или женски, третиот е гратис. Плус купувачот добива на подарок опрема за велосипед. Исто така на целиот асортиман и на сите модели на велосипеди имаме попуст од 20 до 40 насто, а имаме и дополнително изненадување при самото плаќање на каса. Ова се само дел од акцијата и промоциите кои ги подготвивме за овој месец,  а за сите други поединости ги повикуваме заинтересираните граѓани да дојдат во нашиот салон и да се уверат во неверојатната понуда и можност да дојдат до велосипеди по много поволни цени“, - порачуваат од VIBA BIKE.

Во салонот на  VIBA BIKE можат да се најдат најквалитетни машки, женски и детски велосипеди и велосипедска опрема, за професионален и рекреативен спорт. Изработени се по европски стандарди, поради што се дава гаранција од 6 до 12 месеци.  Цените се најниски во државата и прилагодени за сите купувачи, а за редовните клиенти се одобрува посебен попуст.

Салонот на  VIBA BIKE се наоѓа спроти слаткарницата Јулија .

VIBA BIKE со неверојатни попусти и изненадувања за купувачите