Euro Colleague
Bucen Kozjak
09. 01. 2017 14:00

ВМРО-ДПМНЕ: Неисчистените улици срам за градот

ВМРО-ДПМНЕ: Неисчистените улици срам за градот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека не преземала ништо за да ги исчисти од снег улиците во градот, и со тоа ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните на Куманово.

Локалната власт предводена од градоначалникот и СДСМ не презеде ништо за чистење на снегот, кој неколку дена стои по улиците на градот и го попречува сообраќајот. Многу наши сограѓани ни се пожалија за проблемите со кои се соочуваат, забележани се и полесни повреди на некои од лизгавите улици. Како луѓето со сериозно нарушено здравје навремено да стигнат да примат лекарска помош или пак дали денеска граѓаните стигнаа безбедно на време на своите работни места? Зошто дозволивте граѓаните секојдневно да се изложуваат на опасности ако се знае, дека сите надлежни служби беа навремено информирани за временските прилики? Ова преставува голем срам за градот и не треба да се толерира оваа незаинтересираност на локалната власт, за толку важна работа од која зависи нормалното функционирање на граѓаните, - изјави Анeта Шандева на денешната прес-конференција.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го повикува градоначалникот веднаш да преземе мерки за чистење на улиците.