Euro Colleague
Bucen Kozjak
15. 06. 2017 13:41

ВМРО-ДПМНЕ: Вештачко езеро го „краси“ влезот на Куманово

ВМРО-ДПМНЕ: Вештачко езеро го „краси“ влезот на Куманово

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалнат власт дека со години наназад не презема ништо за решавање на инфраструктурните проблеми во градот, поради што и при најмал дожд улиците се претвараат во езера, поради лошата атмосферска и канализациона мрежа.

„Денеска се наоѓаме на влезот на Куманово, зад бензинската станица на МАКПЕТРОЛ. Овој влез на граѓаните на Куманово им е познат по големото езеро кое се формира при секој мал дожд. Одводната канализација во овој дел од градот е нефункционална, и со години за овој проблем надлежните немаат слух, ниту пројавија желба за негово санирање. Дали ова езеро е начин на кој се пречекуваат туристите или е начин според кој го одбегнуваат? Срамно е за град како Куманово во 21 век секојдневно граѓаните да се среќаваат со ваков голем проблем, - изјави Андријана Стојановска.

Од партијата апелираат надлежните интересите на граѓаните да ги стават во прв план.

ВМРО-ДПМНЕ: Вештачко езеро го „краси“ влезот на Куманово