Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 09. 2017 13:19

Во Костурник фатени 8 Пакистанци

Во Костурник фатени 8 Пакистанци

Осуммина мигранти вчера се фатени во близина на граничниот пренин Табановце, на  македонско-српската граница.

Во 06.50 часот во близина на пограничното село Костурник, полицијата забележала осуммина мигранти од Пакистан, кои излегле од патничко моторно возило „Алфа Ромео“ караван. Кога полицајците дале знак да застане, возачот го стартувал возилото и побегнал кон магистралниот пат за Крива Паланка.

Мигрантите се фатени и однесени во полициска станица, по што се префрлени во Прифатениот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Возилото со кое се превезувани мигрантите пронајдено е во с.Пењуш–штипско, а ќе бидат превземени дополнителни мерки за пронаоѓање, односно утврдување на лицето кое го управувало возилото како и целосно расчистување на случајот.