Bucen Kozjak
16. 11. 2017 12:59

Во Куманово наврна 14 литри дожд

Во Куманово наврна 14 литри дожд

Во изминатото деноноќие во Куманово наврнале 14 литри дожд на метар квадратен, а најниската температура изнесувала 6 степени.

Според УХМР, најмногу дожд од 100 литра на метар наврнале во Демир Капија, а најладно било во Маврово 3 степени.

Времето денеска е облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Куманово облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат на повеќе места во југозападните делови. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.

Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.