Bucen Kozjak
01. 12. 2017 11:12

Во Куманово наврна 19 литри дожд

Во Куманово наврна 19 литри дожд

  Во изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд наврна во Маврово 130, а најмалку во Битола 1 литар.

Овие количини ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата.  

Според синоптичарите времето во текот на денот ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 60 l/m2 воден талог.

Најголеми покачувања очекуваме во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

На одредени критични места можна е појава на излевање на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска, Вардар горен тек, а и нивните притоки. Поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.