Euro Colleague
Bucen Kozjak
08. 09. 2017 16:32

Во Куманово одбележан Денот на независноста

Во Куманово одбележан Денот на независноста

На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, Куманово денеска го прослави 8. Септември- Денот на државноста на Република Македонија.

Венци и свежо цвеќе положија делегации на борци, локална самоуправа, Совет, АРМ, МВР, институции, претпријатија, политички партии, невладини организации и граѓани.

По повод 26-години самостојна и независна Република Македонија, пред присутните се обрати претседателот не Советот, Александар Арсиќ.