Bucen Kozjak
19. 04. 2017 10:14

Во Куманово утрово најстудено, наврнаа 4 литри дожд

Во Куманово утрово најстудено, наврнаа 4 литри дожд

Во Куманово утрово се измерени 2 степена Целзиусови, а во текот на ноќта наврнале 4 литри дожд на метар квадратен.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со засилен јужен и југоисточен ветер, на повеќе места со брзина од 50 до 70 км/час, а во Штипско и околу 100 км/час. Во втората половина од ноќта и во утринските часови во северозападните и југоисточните делови имаше врнежи од дожд, кои повремено беа и поројни.

Најниска температура е измерена во Куманово, а највисока во Струмица, Демир Капија, Охрид, Штип и Виница каде се измерени 10 степени. Во Маврово утринава се измерени 3 степени, во Лазарополе, Ѓуриште и Крушево 4, Пожаране и Берово 5, Дебар 6, Тетово и Тополчани 7, Претор, Крива Паланка и Скопје 8, а во Прилеп, Дојран, Битола, Скопје Петровец и Гевгелија 9 степени.    

До 8 часот најмалку дожд има наврнато во Ѓуриште - 1 литар на метар квадратен, Крушево 2, Куманово 4, Дојран 6, Скопје 8, Гевгелија и Дебар 10, Лазарополе 14, Маврово 16, Тетово 19 и најмногу во Пожаране 20 литри на метар квадратен.

До крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Претпладне повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, а попладне во источните делови, каде локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2, а можна е и појава на краткотрајно невреме. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец. Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, но ќе се намалуваат по интензитет. Максимална температура ќе се движи од 12 до 20 степени.

Во Скопје слично време со повремено поројни дождови и со услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Максимална температура ќе биде до 16 степени.

Утре се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец кој ќе дува и во петок. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo