Euro Colleague
Bucen Kozjak
13. 11. 2017 13:23

Во липковско пронајдена неексплодирана мина

Во липковско пронајдена неексплодирана мина

На патниот правец од селата Слупчане кон Алашевце на м.в.Борово при собирање на шишарки, Ќ.Р.(55) од с.Ваксинце вчера пронашол неексплодирана мина.

Се работи за мина од минофрлач 66 мм, која најверојатно потекнува од 2001 година.

Увид на лице место извршила екипа при СВР-Куманово, во содејство со екипа од Антитероризам и истата е подигната од лице место за понатамошна постапка.

Известена е и Дирекција за заштита и спасување.