09. 01. 2018 15:36

Во март стартува електронска наплата на патарината Романовце

Во март стартува електронска наплата на патарината Романовце

Електронска наплата на патната такса ќе почне да се применува од март годинава на новата наплатната станица кај Романовце.

Од Јавното претпријатие за државни патишта, велат дека на оваа наплатна станица во тек е инсталација на софтвер за плаќање и во кеш и со припејд картичка и дека таму ќе стартува дигитализација на патарините.

„За почеток на сите патарини ќе има опција да се плати таксата и електронски и во кеш, и како што луѓето ќе е навикнуваат на тоа ќе се зголемува електронската наплата. За почеток се набавени 500.000 припејд картички, на кои ќе се става одреден износ на пари и ќе може дигитално да се плати патарината“, вели Китанов.

Според него до крајот на 2018 година треба да бидат дигитализирани сите патарини долж коридор 10, а оние долж коридор 8 да бидат опремени со софтвер за електронска наплата во текот на 2019 година.

stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane