Bucen Kozjak
23. 09. 2017 11:41

Во понеделник почнува кампањата за локалните избори

Во понеделник почнува кампањата за локалните избори

Во понеделник, 25 септември, почнува изборната кампања за локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври годинава.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

 Во Куманово на локалните избори ќе учествуваат 5 кандидати за градоначалник и 8 советнички листи.

За татко на градот ќе се тркаат: Максим Димитриевски од СДСМ,  Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бесник Мемемти од ДПА, Дритон Сулејмани од БЕСА и Башким Османи од Алијанса на Албанците.

Носители на советничките листи се: Атина Мургашанска – СДСМ,  Драган Петковски – ВМРО-ДПМНЕ, Валон Чоти – ДПА, Наиље Османи – БЕСА, Осама Мујадини – Алијанска на Албанците, Сотир Лоловски – ЛЕВИЦА, Џавиде Зимбери – Ебиби од коалиција Алијанса на Албанците (УНИТЕТ и НДП) и Фатмир Идризи – ДУИ.

Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња за претстојните локални избори што треба да се одржат на 15 октомври.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четрврта Коалицијата за Битола - ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18, а СДСМ е 19-та.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.