Bucen Kozjak
07. 09. 2017 13:33

Возел без дозвола, па му се заканувал на полицаецот што му пишал казна

Возел без дозвола, па му се заканувал на полицаецот што му пишал казна

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.В.(43) и С.В.(19), поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

На 01. септември годинава на ул. „Доне Божинов”, при изрекувањето на глоба за управување на возило без положен возачки испит на С.В., истиот почнал да ги пцуе полициските службеници, а му се приклучил и А.В., кој во еден момент почнал да удира со рака по службеното возило.

Двајцата почнале и да се закануваат, по што, од страна на полициски службеници биле приведени во Полициска станица Куманово.