Euro Colleague
Bucen Kozjak
12. 10. 2017 13:48

Вперил пиштол во продавачка за штека Марлборо и 250 евра

Вперил пиштол во продавачка за штека Марлборо и 250 евра

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело разбојништво.

Пријавениот на 27. септември околу 19,00 часот влегол во продавница на улица „405“ во населбата “Иго Тричковиќ“ во Куманово, каде после сериозна закана, од појасот извадил пиштол којшто го репетирал и вперил во вработената. Потоа одзел штека цигари “Малборо” и 15.190 денари од касата.

На излегување од продавницата, разбојникот ја удрил вработената со пиштолот во пределот на  главата и побегнал.