Euro Colleague
Bucen Kozjak
25. 12. 2009 12:40

Врнежи за време на викендот

Врнежи за време на викендот

Во текот на претстојниот викенд ќе има поинтензивни врнежи од дожд, каде наместа ќе наврнат над 30л/м2. Врнежите се очекуваат во сабота кон недела и во недела претпладне.

 Во понеделник претпладне ќе има услови за локален слаб снег. Заради затоплувањето и врнежите од дожд ќе има нагло топење на снегот што ќе овозможи позабрзано зголемување на водостоите, особено во западните делови, информираат од Центарот за управување со кризи.   

Центарот за управување со кризи им препорачува на граѓаните да не ги користат секундарните и терцијалните канали за исфрлање на колективен или индивидуален смет, бидејќи тоа ќе оневозможи канализирање на атмосферските води, со што може да се создаде потенцијална опасност од локални излевања.