Euro Colleague
Bucen Kozjak
13. 11. 2017 10:31

Втора седница на Советот на Општина Куманово

Втора седница на Советот на Општина Куманово

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи втората седница.

 На дневен ред се 11 точки, главно измени и дополнувања на постоечките програми на Општината и јавните претпријатија.

 Најзначајна е измената за дополнувањето, односно ребаланс на Буџетот за 2017 година.

Дневен ред

1.Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2017 година;

2.Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2017 година;

3.Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;

4.Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2017 година;

5.Програма за измена на Работната програма за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

6.Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2017 година;

7.Предлог - Програма за измена на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2017 година;

8.Предлог – Програма за изменување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2017 година;

9.Предлог - Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2017 година;

10.Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2017 година;

11.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2017 година.