Euro Colleague
Bucen Kozjak
18. 05. 2017 15:19

Започна реконструкција на улиците во центарот на градот

Започна реконструкција на улиците во центарот на градот

Започна реконструкцијата на улиците во централното градско подрачје, како дел од проектот за летно одржување и реконструкција на патната инфраструктура во градот.

 Почнавме од најфреквентниот дел од центарот на градот, каде со години наназад имаше само поправка на асфалтот. Сега има комплетна реконструкција на површина од 1.500 метри квадратни, ќе има отстранување на горниот слој на асфалтот, подготовка на подлога и асфалтирање. Ќе добиеме нова коловозна инфраструктура, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој најави дека по завршување на реконструкцијата околу зградата на „Комитет“, работите ќе продолжат на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Доне Божинов“, а истовремено градежни работи се одвиваат и на улиците „Бошко Буха“ и „Милан Зечар“

„ Куманово ова лето ќе има околу десетина километри нова патна инфраструктура во централно градско подрачје и приградските населби. Имаме приоритети и ќе се обидеме да ги задоволиме потребите на граѓаните, ќе се поправат и улиците што беа оштетени поради поставување на канализационата мрежа, кај Школска амбуланта, Гиманазија и Карап Маало. Развојната програма се очекува да заврши до август, - додаде Дамјановски.

 Веќе десетина дена на терен се врши пролетното крпење и санирање на ударните дупки на улиците и крстосниците во централното градско подрачје.

 Општина Куманово за изградба, реконструкција и санација на улиците за 2017 година одвои 50 милиони денари.