Bucen Kozjak
02. 12. 2017 16:03

Заработиле над милион евра со бесправна градба

Заработиле над милион евра со бесправна градба

Тројца кумановци добија кривични пријава поради тоа што наместо 24  изградиле 42 станови и се стекнале со противправна имотна корист од над еден милион евра.

Кумановската полиција поднесна кривична пријава против ДПТУ,,Муња Љубиша" ДООЕЛ Куманово и Љ.П. (49) од Куманово, управител на ДПТУ ,,Муња Љубиша" ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „бесправно градење", против С.И.(50) од Куманово, вработен во општина Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „помагање" во врска со „бесправно градење" и против Т.С. (39) од Куманово, поранешен управител на ДПГТУ ,,Урбан дизајн" поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела ,,несовесно работење во службата".

ДПТУ,,Муња Љубиша" ДООЕЛ Куманово и Љ.П, како инвеститори на три градби во текот на 2011, 2012 и 2013 година, извеле градежни работи и спротивно на одобрената проектна и техничка документација, како и спротивно на намената на објектите изградиле три посебни објекти за колективно домување, за кои што вкупна вредност од продажба и размена на недвижности изнесува 79.427.813 денари.

С.И. им помогнал на прво и второпријавените во извршување на делото. Со прво и второпријавениот, како иматели на лиценца за градење, имал склучено интерен и усмен договор и учествувал во административни работи околу добивање на одобренијата за градење за објектите, а преку друштвото "Урбан Дизајн" ДОО Куманово, основано од неговата сопруга, директно управувал со градење на самите објекти со давање на совети и упатства на ангажирани и отстапени градежни работници.

За неговиот ангажман, од прво и вторпријавените, по основ на аванси за вршење на интелектуално-консултативни услуги и други основи, примал парични средства, од кои дел ги уплатил за купување на стан во еден од објектите, а дел му останале за себе, додека пак, по ист основ-за интелектуални услуги и за купување на стан во еден од објектите, парични средства примала и Т.С.-четвртопријавената, службено лице-главен надзорен инженер и тогашен управител на друштвото „Урбан Дизајн" ДОО Куманово за вршењето на стручен надзор при градбата на наведените објекти.

Таа, во вршењето на определените службени должности и дискреционо овластување за совесно постапување, ги повредила законските прописи од член 36, став 1 од Законот за градење, на тој начин што пропуштила должен надзор и очигледно несовесно постапила кога го вршела надзорот над градежните работи на објектите. Во извештаите кои ги подготвувала, напишала дека на основните проекти нема недостатоци кои мора да бидат отстранети.

Извештаите биле употребени како вистинити пред Секторот за урбанизам при Општина Куманово, како надлежен орган кој ги издал Одобренијата за градење, за понатамошна постапка при запишување на градбата во јавната катастарска книга на недвижности.