Bucen Kozjak
10. 10. 2017 18:41

Заштита на спомениците на културата, најави Илиќ

Заштита на спомениците на културата, најави Илиќ

 Дел од објектите кои се обележја на градот, како спортската сала Соколана,Спомен костурницата, Занаетчискиот дом, Каспаски круг, црквата Свети Никола, Градската џамија, стамбени објекти на улиците Ленинова, Иво Лола Рибар, Илинденска, кои низ годините не успеале да оддолеат на забот на времето, ќе бидат целосно заштитени и конзервирани, најави денеска кандидатот за советник на листата на СДСМ, Томица Илиќ.

“Во нашата програма предвидена е заштита на спомениците на културата, нивно осветлување и конзервација. Прво ќе се мапираат сите културни добра, а потоа ќе се изврши анализа за утврдување на потребниот степен на заштита на објектите. Исто така предвидена е и реконструкција и ревитализација на сите утврдени добра. Ќе се залагаме објектите околу спомениците да бидат осветлени за да се вклопат во амбиенталниот изглед“, - рече Илиќ.

Тој додаде дека со тоа ќе се врати вистинскиот изглед на градот и ќе создадеме препознатлива слика на истиот.

„На таков начин ќе биде попривлечен за туристите, за развој на бизнис секторот, економијата, социјалниот и културниот живот, како што и впрочем доликува на најголемата општина во државата“, - изјави Илиќ.