Bucen Kozjak
13. 07. 2017 10:42

Затворена ликовната колонија „Карпино“

Затворена ликовната колонија „Карпино“

Во комплексот „Грација„ синоќа беше затворена 15. Меѓународна ликовна колонија Карпино, која траеше изминатите шест дена.

Колонијата ја организира Мултимедијалниот центар Карпино со подршка на локалната самоуправа. Оваа година учествуваа 20 уметници од земјава и странство, а организаторите се задоволни од квалитетот и продукцијата на делата.

„Оваа година се изработени над 40 дела. Имаме голема продукција и многу добри слики. По мене ова е една од најуспешните ликовни колнии. Гостите ни беа од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, од нашите градови Скопје, Тетово, Струмица и домаќините од Куманово“, - изјави Зоран Павловски, претседател на здружението Карпино.  

Уметниците во изминатите денови ги посетија манастирот Карпино, црквата во Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ.